Израел тврди: Уништени околу 300 ирански ракетни лансери

Израелската војска соопшти дека од почетокот на нападите врз Иран уништила околу 300 ракетни лансери, а според воени извори иранската ракетна моќ значително ослабнала.

Израел соопшти дека од почетокот на актуелната воена кампања против Iran уништил околу 300 ирански ракетни лансери.

Портпаролот на израелската армија, Надав Шошани, изјави дека операциите биле насочени кон ракетните фрлачи и складиштата со проектили, што значително придонело за намалување на бројот на ракети кои секојдневно се испукуваат од Иран.

И покрај тоа, Израел и вчера се соочил со неколку аларми поради ракетни напади. Според Шошани, Иран во последно време понекогаш испукува само поединечни ракети кон Израел, наместо повеќе одеднаш како што беше на почетокот на конфликтот.

Во саботата, кога Израел и САД започнаа напади врз цели во Иран, од иранска територија кон Израел биле испукани „многу десетици“ ракети.

Вкупно, според израелските воени информации, Иран досега лансирал „неколку стотици“ ракети кон различни цели низ регионот.

Шошани уште во вторникот изјави дека иранската ракетна моќ постепено слабее.

Израелската армија првпат од почетокот на кампањата соопшти и дека извршила напади врз „воени цели“ во иранските градови Исфахан и Шараз, вклучително и складишта со ракети.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни