Израел првпат нареди целосна евакуација на градот Газа

Израелската армија денеска издаде наредба за целосна евакуација на градот Газа, што претставува прв ваков повик од почетокот на конфликтот.

Според објавата на портпаролот на израелската армија за арапски јазик, Авихај Адраеи, Израел е „решен да го порази Хамас“ и најави дека ќе дејствува со „голема сила“ во градот Газа, исто како што, како што рече, дејствувал и во останатите делови од Појасот Газа.

Во објавата, жителите се повикуваат итно да се евакуираат преку крајбрежниот пат Ал-Рашид, во правец на ал-Маваси, јужен дел од Појасот Газа, кој Израел го означи како „хуманитарна зона“.

„За ваша безбедност, итно ја напуштете областа преку коридорот Ал-Рашид и упатете се кон хуманитарната зона во ал-Маваси“, стои во пораката објавена на социјалната мрежа X (поранешен Twitter).

Прв масовен повик за евакуација

Ова е првпат израелската армија да повика на евакуација на цел град, додека претходно слични предупредувања беа насочени само кон поединечни квартови или населби.

Во понеделникот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека граѓаните на Газа треба „да ја напуштат областа“ пред планираниот напад.

Воената ескалација доаѓа по неколкумесечни жестоки судири меѓу израелските сили и милитантната група Хамас во Појасот Газа, што предизвика сериозна хуманитарна криза и голем број цивилни жртви.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни