Возете внимателно: изменет режим на патот Велес – Градско до 4 април

Градежни работи на делницата Велес – Градско ќе се изведуваат до 4 април, а возачите се повикуваат да ја почитуваат сигнализацијата и да возат внимателно.

Поради градежни работи за рехабилитација на регионалниот пат Р1102 на делницата Велес – Градско, од денеска, 31 март, до 4 април ќе биде воведен изменет режим на сообраќај. Ограничувањата ќе важат секој ден во периодот од 7 до 19 часот, соопштува АМСМ.

Според последните патни информации, сообраќајот на државните патишта засега се одвива без поголеми прекини, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, не се бележат подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од појава на одрони.

Воедно, останува во сила и информацијата дека патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сите видови возила до 31 март 2026 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни