Изложба „Ул. Чудни карактери бр. 6“ на 1 октомври во МКЦ

Во понеделник на први октомври во МКЦ ќе се одржи изложбата  „Ул. Чудни Карактери бр.6“ на академската графичарка Симона Новаковиќ и академскиот сликар Петар Миљковиќ.

При развиванье на делата, двајцата уметници имаат за цел да одговорат на провокацијата: Како може надворешниот арт да се стави на платно во галерија?

Проектот има за цел промовирање на потенцијалот на младите уметници, како и поттикнување на активно учество на младата популација во културниот живот на нашата земја.

Овој проект може да биде ефикасна стратегија за спречување на уличните графити, бидејќи самата таа, за разлика од вандализмот со графити, е легално уметничко дело каде дозвола за обележување на површината е дадена од сопственикот.

Симона Новаковиќ Миљковиќ родена 1995 година во Скопје. Има завршено во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, отсек Дизајн и текстил на облека, потоа се запишува на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, на којшто дипломира на студиската програма графика со графички дизајн.

Симона е ликовен уметник со богато искуство и бројни изложби зад себе, се истакнува како автор чија најранлива и уникатна страна е дигиталната уметност. Нејзините дела се длабоко емоционални, прикажувајќи ја страста со која ги обработува темите кои ја допираат најдлабоко.

По завршувањето на студиите заедно со својот сопруг Петар го отвараат „Eternity Tattoo Studio“, нивното прво студиото за тетовирање, кое веќе активно работи 7 години во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни