Вечервљ со почеток во 19.00 ч. во Кристалната сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, ќе биде отворена изложбата на скулптури „Фигурации“ на Никола Смилков.
Никола Смилков е роден 1973 година во Штип, Македонија. Студирал на Факултетот за ликовни уметности за уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломирал, а магистрирал во 2002 година од областа на вајарството во класата на проф. Драган Попоски Дада. Во 2012 година се стекнува со титула Доктор на науки на Педагошкиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, од областа на Методика на ликовно образование.
Тој учествувал на многу меѓународни симпозиуми на кои има поставено повеќе монументални скулптури и учество на групни изложби во Австрија, Шпанија, Словенија, Хрватска,Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Турција, Франција, Кина, Египет и Индија. За време на професионалната кариера реализирал неколку студиски посети, вклучително и во CiteDe Arts во Париз и Прима Центар во Берлин, завршувајќи ги посетите со самостојни изложби.
Во 2021 година, добива награда Гран при на Петтото меѓународно биенале на акт „Марко Крстов Греговиќ“ во Будва, Црна Гора. Како национално признание за неговата уметничко работа, Смилков е двапати наградуван. Во 2008 и 2016 година ја добива Првата награда за скулптурата „Димо Тодоровски“ од Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ)