Изложба на отворено фотографии за културното наследство во Гостивар

Со изложба на фотографии и информативни средби, вработените во НУ Конзерваторски Центар Гостивар денеска го одбележа 18 април – Меѓународниот ден на културното наследство.

Пред еден од симболите на градот „Саат кулата“,  беа изложени педесетина фотографии на објекти во гостиварскиот крај кои се под заштита.

Изложбата што беше отворена претпладнево ја видоа повеќе граѓани, а имаше и организирани посети од ученици, кои добиваа објаснувања и информации за изложеното.

Вршителот на должноста директор на установата, Цветко Новакоски напомна дека изложените фотографии се на стари објекти за кои водат грижа.

– Некои од објектите се реставрирани, а на некои е направена реконструкција или е во тек. На оваа изложба може да се видат и моменти од изведување на работи на археолошките локалитети, како што се Равенското и Ѓоновичко кале, рече Новакоски.

Идејата на изложбата е пренесување на знаењата и приближување на културното наследство до граѓаните и особено младите во својот крај и ги чуваат како наследство од претходните генерации. Новаковски информираше дека во тек се подготвителни работи за заштита на еден мозаик и две куќи со карактеристична градба во селото Вруток.

Покрај брошурите за информирање, вработените во центарот, на посетителите им овозможија и мали тури за разгледување на внатрешноста на саат кулата.

Настанот со информативно-едукативна содржина за културното наследство во гостиварско е поддржан од Министерството за култура и туризам. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни