Изложба на Марија Јаќовска и свирка на „Кокиче“ овој петок во „Буква“

Во петок, на 10-ти мај во “Буква“ ќе биде отворена изложба на Марија Јаќовска, по што ќе настапи младиот бенд Кокиче.

Марија Јаќовска е дипломирана графичкрка и мултидисциплинарен уметник. По завршувањето на студиите има направено изложба на колажи и слики во комбинирана техника кои ќе бидат изложени во петок во „Буква“.

Кокиче е бенд во кој се Филип Методиев на гитара, Дарио Циевски на тапани и елетроника, Теодор Јуруковски на синтисајзер и Раде Биковски на бас. Свират импровизрана музика околу теми кои шараат од џез и класика до некаков рок и ноиз. Се уште млади како бенд, полека но сигурно го обликуваат својот звук кој се состои од детски мелодии, богати хармонии и чудни звуци со шашави тапани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни