Изложба на дигитални слики „Особеност“ како бегство од реалноста на Игор Поп Трајков

Во рамките на Скопско лето 2023, вечер во ЈУ Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје ќе биде отворена четврта самостојна изложба на уметникот Игор Поп Трајков насловена „Особеност“.

Во неа уметникот експериментира со новите дигитални технологии, како и со комбинацијата на новите со традиционалните техники во сликарството.


Според кураторката на изложбата Џоана Пентала, уметникот гледа начин да избега во неговата „особеност“, односно во неговото одбивање да стане како другите.

„Нерасположената и на многу начини корумпирана културна средина од која потекнува Поп Трајков и во која мораше да опстојува толку долго, се обиде да му ги наметне своите правила.“

Како што може да се види од оваа изложба, неговото бегство е всушност лажно и иронично и само покажува дека уметникот не е дел од корозивната реалност, односно дека не сака да биде дел од неа; вистината во овој случај би била дека мора да се соработува со темната страна, а покажувањето на спротивставување е повеќе симболичен отколку херојски гест, додава Пентала.

Како што посочува, користејќи ги неговите омилени средства за изразување – херменевтика и деконструкција, како и експериментирање со новите визуелни технологии, уметникот ни претставува низа историски истражувања на тема особеност, било да е тоа со позитивна или со негативна конотација.

„Ова е најпривлечно кога нешто или некој не се покорува или не се наведнува пред очекуваниот тек на нештата, туку покажува одредено или целосно отстапување од пробиениот колосек“, порача кураторката Пентала.

Изложбата „Особеност“ ќе биде поставена во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ до 20 јули. 

Игор Поп Трајков долж неколку децении е еден од најпродуктивните писатели во регионот на Југоисточна Европа. Неговиот опус опфаќа илјадници страници поезија, проза, пиеси и публицистика. Некои од неговите теоретски трудови се објавени на најпрестижните универзитети. Тој по професија е филмски режисер, а е многу продуктивен и во визуелните уметности и дизајнот. Моментално е на докторат во Институтот за македонска литература. Во 2020 беше еден од добитницте на Наградата за најдобра божикна порака на American Corner Struga. Тој е добитник на годинешните награди (2021): за најдобра стихотворба за Денот на поезијата на списанието The Poet- Несогледани простори и Наградата за најдобра стихотворба на HOPS – Телесен двојник.

Минатата година во Галеријата Ко-ра културологот Трајков ја постави изложбата „Мината иднина“, исто така претставувајќи се со дигитални слики.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни