Изгаснат пожарот во Расадник, пожарникари ќе дежураат за да не запали повторно

Пожарот кој што попладнево избувна во Расадник во Кисела Вода е целосно изгаснат. Од Скопската противпожарна единица известуваат дека нема повредени лица, но има причинета материјална штета.

Исто така нормализирано е и снабдувањето со електрична енергија, која што беше во прекин во дел од општината.

Во гасењето на пожарот учествувале 15 пожарникари и осум противпожарни возила, а опожарена била површина со сува трева, грмушки, автомобилски гуми и дрва.

Пожарот се ширел на повеќе страни поради горливиот материјал, но не било дозволено ширење кон објектите.

„За кратко време беше ставен под контрола и целосно изгаснат. Нема повредени“ изјави командирот на Скопската противпожарна единица, Звонко Томевски и додаде дека во Расадник ќе се дежура за да се запали повторно некое место.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни