Избори во Унгарија: најважни политички момент во ЕУ во последните 5 години

Парламентарните избори во Унгарија се оценети како клучни за иднината на ЕУ, со дуел меѓу Виктор Орбан и опозициската Тиса на Питер Маѓар.

Граѓаните на Унгарија следната недела излегуваат на избори кои повеќе европски медиуми ги опишуваат како најзначајни во Европската Унија во последните пет години. Клучната политичка битка се води меѓу долгогодишниот премиер Виктор Орбан и опозицискиот лидер Петер Маѓар, чија партија Тиса бележи силен пораст на поддршката.

Според анкетите наведени во анализите, Тиса има предност во дел од истражувањата, додека владејачката Фидес сè уште задржува значајна поддршка и силна изборна инфраструктура.

Аналитичарите изборите ги оценуваат како референдум за идната насока на земјата , дали Унгарија ќе се движи кон поблиска интеграција со НАТО и ЕУ, или ќе продолжи по сегашниот политички курс кој критичарите го опишуваат како „нелиберална демократија“.

Економските показатели, вклучително бавниот раст и висок буџетски дефицит, се сметаат за важен фактор што влијае на расположението на гласачите.

Опозицијата ја користи и темата на корупција и економска стагнација, додека Орбан ја брани својата политика со пораки за стабилност и заштита на националните интереси. Геополитичката димензија на изборите е силно изразена, со поддршка за двете страни и од европски и од меѓународни политички актери, што дополнително ја зголемува тежината на изборниот исход.

Резултатот од гласањето се смета за потенцијална пресвртница за политичката иднина на Унгарија и нејзината улога во ЕУ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни