Србија гласаше со тепачки и секири: изборниот ден обележан со организирано насилство

На локалните избори во десет општини, маскирани групи напаѓаа студенти, набљудувачи и новинари, а претседателката на Собранието Ана Брнабиќ ги нарече напаѓачите „бранители на демократијата”.

Локалните избори во Србија во десет општини завршија со бројни сцени на улично насилство. Маскирани групи тепаа студенти, набљудувачи и новинари, во Бор некого нападнале со секира, а набљудувачи пријавија купување гласови и паралелни изборни списоци на повеќе места. Претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ на социјалните мрежи ги нарече напаѓачите „бранители на демократијата”, пренесува N1.

Нападнати новинари, набљудувачи и студенти

Во текот на изборниот ден документирани се напади на повеќе локации. Во Бајина Башта, новинарот на порталот Зумер Дарко Глигоријевиќ бил удиран по главата и поспрскан со спреј за бибер додека се обидувал да снима група мажи во црно. На снимка објавена на X се гледа маж кој излегува од автомобил со пиштол во рака. Во Бор, студенти тврдат дека ги нападнала група со секира во близина на гласачко место. Новинарот Лазар Диниќ, со повреди на главата, бил превезен во болница. На снимка на КРТА се гледа и студентка која е нападната, а потоа и студент кој е соборен на земја и удиран додека лежи.

Брнабиќ ги нарекува насилниците „бранители на демократијата”

Откако народната пратеничка Мила Поповиќ на снимките ги препозна Дејан Кесар, градски секретар на Белград, и одборник од Вождовац Стојан Јовановиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ го сподели снимот со коментар дека тоа е „обид да се одбрани демократијата од блокадери”. Раша Недељков од КРТА изјави дека полицаецот на место дури претил со оружје за смирување, а напаѓачите му одговориле дека „баш ги брига”.

Купување гласови и паралелни списоци на повеќе места

Набљудувачот на движењето „Браво”, Брајан Брковиќ, пријавил сомнеж за паралелни изборни списоци и купување гласови во локал за кој тврди дека бил штаб на СНС, додека полицијата стоела пред вратата без да влезе. Волонтерки во Аранѓеловац документирале „бугарски воз” на автобуска станица. Репортер на N1 влезе во хотел Ѓердап во Кладово, каде набљудувачи пријавиле паралелни списоци и кол-центар на СНС.

Изборите со висока излезност и затворени гласачки места до 20 часот

И покрај инцидентите, излезноста во сите десет општини била висока, на некои места и до 60 отсто. Гласачките места биле отворени до 20 часот. Во Сеvojно, Мајданпек, Лучани и Смедеревска Паланка не биле регистрирани поголеми судири, пренесува N1.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни