Избори на Косово, Курти фаворит

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори. Фаворит е актуелниот премиер Албин Курти, а неговата партија Самоопределување (Ветевендосје) е фаворит. Победникот ќе биде познат вечерва веднаш по затворањето на гласачките места.

Избирачките места се отвораат во 7:00 часот, а затвораат во 19 часот, веднаш потоа се очекуваат првите прогнози. Изборот на 120 пратеници се смета за глас на задоволство од политиката на премиерот Албин Курти. Неговата партија Самоопределување (ВВ) извојува убедлива победа на последните избори во 2021 година, а оттогаш Курти води строга политика кон српското малцинство и во односите со Белград, пишува Дојче веле.

Според последните анкети, Самоопределување може да очекува резултат меѓу 40 и 50 отсто, додека во 2021 година освоила 50,28 отсто од гласовите. На второ место во тоа време беше Демократската партија (ПДК), која доминираше на политичката сцена во земјата од прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година.

Србите не ги бојкотираат изборите

Српското малцинство во Косово во голема мера ги бојкотира изборите со години, но овој пат учествува во гласањето. Во политичкиот систем на Косово десет места во парламентот се резервирани за српските претставници, а досега сите ги освои партијата Српска листа.

Претседателот на Српската листа Златан Елек во пресрет на парламентарните избори изјави дека кој гласа за неговата партија гласа за српската држава. На поддршка за Српската листа повика и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој нагласи дека само таа може да обезбеди косовскиот премиер Курти „да не ги протера Србите од Косово“.

За остриот курс на Курти

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година, речиси една деценија по војната во Косово. Белград, сепак, не ја признава оваа независност. Тензиите меѓу мнозинството етнички Албанци и српското малцинство често ескалираат, а политиката на Курти дополнително ги влошува.

Главната цел на косовскиот премиер е да ги укине, како што тврди, паралелните и нелегални српски структури поддржани од Белград, особено на северот на земјата. Минатата година косовските власти де факто го забранија српскиот динар, затворајќи банки и пошти. Меѓународните критики, вклучително и од САД и ЕУ, досега не го поттикнаа Курти да го промени својот груб пристап.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни