Дачиќ информираше дека се уапсени 37 лица осомничени за напади врз полицијата и уништување на имот, вклучително и канцеларии на Српската напредна партија (СНС).
„Во моментов, на осум до девет локации во Србија сè уште траат протести, како и напади врз припадници на полицијата и врз простории на СНС,“ изјави министерот пред новинарите. доцна синоќа.
Според српските власти, протестите ескалираа во повеќе градови, а полицијата интервенираше за да спречи понатамошни судири. Меѓу приведените има и лица кои, според МВР, учествувале во организирање на напади и оштетување на јавен и приватен имот.
Овие случувања доаѓаат по серија антивладини собири кои последните денови се одржуваат низ Србија, при што често доаѓа до судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили.