Ивановски стана првиот Македонец кој истрча маратон на ЛОИ

Фото: ТВ пренос

Дарио Ивановски стана првиот Македонец кој настапуваше и го истрча маратонот на Олимписките игри. Тој со време од 2:28:15 заврши на 69. позиција.

Тој е првиот Македонец кој постигнал норма за да може да трча маратон на Олимписките игри, откако во февруари годинава истрча 2:08:26 на маратонот во Севиља во Шпанија, што е и национален рекорд во маратон.

Етиопиецот Тамират Тола го освои златниот медал на маратонот на Олимписките игри трчајќи за 2:06:26 соборувајќи го олимпискиот рекорд за шест секунди.

Тој победи пред Башир Абди од Белгија, кој истрча 2:06:37 и Бенсон Кипруто од Кенија кој до бронзата дојде со време од 2:07:00.

Најдобрите маратонци жестоко тргнаа уште од стартот на трката, а Ивановски го држеше чекорот со нив. Тој низ целната линија помина држејќи го македонското знаме.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни