Иван Ивановски (Support Kocani): Ќе смогнеме сили и заедно ќе го преживееме сето ова

Разговаравме со Иван Ивановски од Кочани. Моментално ја води иницијативата Супорт Кочани, инаку е сопственик на masterclass.mk и се бави со инвестирање на берза.

Само неколку дена по трагедијата, иницијативата „Поддржи го Кочани“ успеа да собере преку 12 милиони денари (приближно 200.000 евра). Собирањето започна веднаш по погребот на настраданите, кога волонтерите објавиле Excel-документ со податоци за донации. За само неколку часа, се развила и првата верзија на веб-страницата за поддршка, која во моментов е стабилна и функционална.

Иницијативата не е централен систем за распределба на донации, туку платформа, еден вид на форум кој ги поврзува донаторите со семејствата. „Ние само ги објавуваме сметките на засегнатите семејства, а секој кој сака да помогне, директно уплаќа на нив. Немаме контрола врз тоа кој добива средства и во кој обем, туку работиме исклучиво на транспарентноста на процесот.“

Хуманоста на граѓаните досега беше на високо ниво, но борбата за овие луѓе не завршува. Донациите, солидарноста и поддршката ќе бидат клучни во наредните месеци за да им се помогне на настраданите да се справат со предизвиците што ги очекуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни