Итна седница на Владата: Цените на горивата под лупа пред ново поскапување

Според најавите, цената на дизелот се очекува да остане стабилна, додека бензините би можеле да поевтинат за околу половина денар, зависно од продолжувањето на попустите од компанијата ОКТА.

Владата денеска во 11 часот ќе одржи вонредна седница за да ја разгледа состојбата со цените на горивата, поради можен нов раст предизвикан од турбуленциите на светските нафтени берзи, дознава „Скопје1“.

По седницата, во 11:45 часот, прес-конференција ќе одржи премиерот Христијан Мицкоски.

Претходно, Мицкоски најави дека Владата ќе донесе одлука за намалување на акцизите со цел да се ублажи ценовниот притисок и да се спречи ново поскапување: Дизел: намалување на акцизата за 4 денари по литар и бензин: намалување на акцизата за 2 денари по литар

Според најавите, цената на дизелот се очекува да остане стабилна, додека бензините би можеле да поевтинат за околу половина денар, зависно од продолжувањето на попустите од компанијата ОКТА.

Конечната одлука за цените ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика во понеделник.

Премиерот истакна дека мерките ќе имаат фискални последици, но Владата ќе продолжи со интервенции, вклучително и продолжување на мерката 10% ДДВ уште две недели, со следење на ситуацијата и дополнителни реакции по потреба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни