Носачот на знамето и освојувач на златен медал во скок во вис од Италија, Џианмарко Тамбери вели дека му е многу многу жал што ја изгубил бурмата во Сена за време на дождливото отворање на Олимписките игри во Париз во петокот.
Тамбери напиша писмо за извинување до неговата жена и го објави на социјалните мрежи, а како главна причина за губењето на прстенот наведе дека изгубил многу тежина.
„Премногу вода, премногу килограми изгубени последните неколку месеци и веројатно неконтролиран ентузијазам од тоа што го правиме. Веројатно сите тие работи“ вели Тамбери дека се причината за тоа што му испаднал прстенот во Сена.
Тамбери вели дека ја почувствувал бурмата како му паѓа од прстот и ја видел како паѓа во Сена за време на дефилето на сите репрезентации по реката.
„Го следев додека не видов дека паѓа во бродот, но потоа се одби во погрешна насока, за жал. Но ако мораше тоа да се случи, ако навистина морав да го загубам прстенот, не можам да замислам подобро место. Ќе остане засекогаш на дното на реката во Градот на љубовта“ напиша Тамбери.
Тамбери е фаворит за уште едно олимписко злато во натпреварот за скок во вис кој започнува на 7 август.
„Се надевам дека ова е знак дека ќе се вратам дома со ново злато“ вели тој.
Италијанецот ја повика и неговата сопруга да ја фрли нејзината бурма во Сена за да бидат заедно и да имаат уште една причина да ги обноват заклетвите.