Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на институтот за испитување на јавното мислење Демоскопика. Извештајот е заснован на податоци од различни официјални и авторитетни извори, вклучително и националната статистичка агенција Истат и Банката на Италија, јавија италијанските медиоуми.
Прометот и профитот на мафијата ќе пораснат во следните години – јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони верници кои се очекуваат во Рим во 2026 година, и идната година кога ќе се одржат ЗОИ на северот на земјата.
„Широката претприемничка ранливост создава идеални услови за контрола на мафијата“.
„Меѓународните настани како што се Олимписките игри во Милано-Кортина во 2026 година и јубилејот во 2025 година само го зголемуваат ризикот од инфилтрација“.
Според истражувањата, мафијашката организација која најмногу профитира од туризмот е калабриската ‘Ндрангета, која заработува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно.
Камора, која главно работи во Неапол и околниот регион Кампанија, заработува повеќе од 950 милиони евра.
Организациите или поседуваат акции во хотели и ресторани или изнудуваат „пари за заштита“ од легитимни бизниси.