Италијанка уапсена во САД поради мачење турист

Во Њујорк беше уапсена 24-годишната Италијанка Беатриче Фолки, осомничена за соучесништво во киднапирање и мачење на италијански турист. Заедно со крипто-трговецот Џон Волц, таа наводно со недели го држела во заробеништво и го мачела туристот Михаел Валентино Теофрасто Картурано, за да му изнудат пристап до неговата сметка со криптовалути.

Според италијанските медиуми, жртвата — 28-годишен државјанин на Италија од Торино — била држена во луксузен стан во квартот Сохо речиси три недели, каде била подложена на физичка и психолошка тортура.

Иако е осомничена за учество во грабнувањето, Фолки засега не се наоѓа во притвор. Обвинителството на Менхетн одлучило да не продолжи со постапката додека не се заврши истрагата. Пред станот во квартот Челзи, Фолки изјавила за новинарите:
„Не сум уапсена. Моментално не можам да коментирам. Сè ќе објасни мојот адвокат.“

Американските медиуми пренесуваат дека таа ја негирала својата вмешаност и го нарекла случајот „недоразбирање“, но полицијата сомничи дека таа имала клучна улога во почетните фази на киднапирањето.

Откако ги избришала речиси сите свои профили на социјалните мрежи, Фолки стана цел на онлајн дискусии, каде што некои ја нарекоа и „кралица на мачењето“ (Torture Queen).

Која е Беатриче Фолки?
Родена е во градот Латина, близу Рим. Уште како тинејџерка покажувала интерес за уметност и театар, а по средното образование се преселила со семејството во Конектикат. Таму студирала комуникации и филозофија, додека работела во студентската менза. Потоа се вработила во маркетингот за луксузни брендови како Rolls-Royce и Bentley, а имала и споредни улоги во ТВ-серии и независниот филм Butterfly Wings (2021).

Како се одвивала тортурата?
Според обвинителството и извештаите на CBS News New York, нападот започнал на 6 мај, кога Картурано пристигнал во Њујорк и бил намамен во станот. Таму бил врзан, затворен и подложен на тортура.

Осомничените, наводно, го мачеле со електрошокови, му пресекле нога со тестера и го принудиле да пуши крејк-кокаин. Во станот полицијата пронашла тестера, панцир елеци, очила за ноќно гледање и фотографии на кои жртвата има пиштол вперен во главата. Трагите од крв во неколку простории го потврдуваат бруталниот карактер на злосторството.

Картурано на крајот успеал да побегне и случајот го пријавил во полиција

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни