Италија ги предупредила земјите од Г7 за зголемена закана од тероризам поради глобалните конфликти

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси го отвори Самитот на министрите за внатрешни работи на Г7, предупредувајќи ги своите колеги од Г7 дека меѓународните конфликти, особено на Блискиот Исток и Украина, го зголемуваат ризикот од терористички напади.
Фото: G7Italy.it

Војните на Блискиот Исток и Украина „придонесуваат за растечка поларизација во нашите општества, зголемувајќи го ризикот некои поединци да прифатат насилни идеологии и да извршат терористички дејствија на наша почва. Не можеме да си дозволиме да бидеме неподготвени; мора да ја изостриме нашата способност да спречиме такви дела“, рече министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси во воведната изјава на почетокот на самитот.

„Нема тревога, туку зголемена состојба на будност“, додаде министерот.

Состанокот на министрите за внатрешни работи на Г7 во јужниот италијански град Мирабела Еклано ја фокусираше својата утринска сесија на заканите од меѓународните кризи, особено на ситуациите на во Украина и на Блискиот Исток.

На самитот ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи на Канада, Франција, Германија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД, потпретседателката и комесар за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансон и претставници на Интерпол.

Министрите, Европската комисија и меѓународните организации се согласни за важноста од „зајакнување на заедничката стратегија за спречување на насилни акции поттикнати од тековните процеси на радикализација“.

Посебен акцент бил ставен на „размена на информации за откривање потенцијални закани во рана фаза“.

Поради неодамнешните тензии меѓу европските земји околу граничните прашања, овој состанок ќе биде клучен. Ќе присуствуваат и министрите на Алжир и Либија, заменик-министерот на Тунис, Високиот комесаријат на ОН за бегалци и генералниот директор на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Извор: Еурактив

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни