Италија прва во ЕУ ја усвои сеопфатната законска регулација на вештачката интелигенција

Италијанската влада соопшти дека законодавството, кое е во согласност со историскиот Закон за AI на ЕУ, е клучен чекор во определувањето на начинот на кој се користи вештачката интелигенција во Италија.

Законот го ограничува користењето на AI за создавање материјали кои можат да нанесат физичка, психичка или финансиска штета и воведува конкретни казни за прекршителите. Исто така, се воведуваат мерки за заштита на малолетници, со цел да се спречи пристапот на деца до потенцијално штетни или експлицитни содржини создадени со AI.

Тамошните власти истакнуваат дека законодавството претставува не само национален, туку и европски пример за регулирање на AI, кој би можел да влијае на пошироките стандарди и практики во ЕУ.

Според експертите, овој чекор доаѓа во време кога технологијата за AI брзо напредува, а ризиците за злоупотреба стануваат сè поголеми, вклучувајќи манипулации со информации, ширење дезинформации и други форми на дигитална штета.

Извор:The Guardian

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни