Историски триумф на Кристал Палас

Прв трофеј во 120-годишната историја на клубот од јужен Лондон

Фудбалерите на лондонски Кристал Палас го освоија англискиот ФА Куп, откако вечерва во финалето на Вембли го совладаа Манчестер сити со 1-0 (1-0).

Кристал Палас дојде во водство во 16. минута со голот на Езе, и до самиот крај оддолеа на нападите на составот на Манчестер сити.Голманот на Кристал Палас, Хендерсон, во 33 минута го одбрани ударот од белата точка на Мармуш.

За клубот од јужен Лондон ова е прв трофеј во 120 годишната историја.

Со освојувањето на трофејот во ФА Купот, фудбалерите на Кристал Палас обезбедија дебитантски настап на европската сцена и следната сезона ќе играат во групната фаза во Лига Европа, додека Манчестер сити ќе се обиде да обезбеди место во Лигата на шампиони и со тоа да ја спаси очајната сезона.

Манчестер Сити е шестопласиран на табелата во Премиер лигата со бод помалку од Челзи и Астон Вила, кои имаат одиграно натпревар повеќе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни