Истанбулскиот аеродром стана најпрометен во Европа

Бројот на летови на аеродромот Истанбул пораснал за 4% во однос на минатата година, и за 24% во споредба со истиот период во 2019 година.

Според податоците на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (EUROCONTROL), аеродромот во Истанбул бил најпрометниот меѓу сите аеродроми во Европа во периодот од 21 до 27 април.

Аеродромот во Истанбул го зазел првото место меѓу најпрометните европски аеродроми со просек од 1.482 дневни лета во овој период, според Извештајот за преглед на европското воздухопловство што беше објавен вчера, пренесе агенцијата Анадолија.

Бројот на летови на аеродромот Истанбул пораснал за 4% во однос на минатата година, и за 24% во споредба со истиот период во 2019 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни