Искра Гешоска го прими Гете-медалот за 2024 година

Искра Гешоска, менаџерка во културата, го прими Гете-медалот за 2024 година вчера на свеченост што се одржа во германскиот град Вајмар.

Ова се смета за најважна награда во надворешната културна политика на Германија. Заедно со Гешоска, наградата ја добија уште две борбени жени – театарската менаџерка Кармен Ромеро Керо од Чиле и книжевната преведувачка Клаудија Кабрера од Мексико.

Сите три добитнички на награди ги обединува нивното безусловно верување во моќта на културата да го промени општеството. Тие „не дозволуваат да бидат обесхрабрени од контраветровите и пречките“, вели Карола Ленц, претседателка на Гете-институтот, во интервју за „Дојче веле“.

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика.

Извор: Умно.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни