Без струја до 15 часот: најавени исклучувања во неколку општини

Поради технички зафати, делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без електрична енергија

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, дел од населени места во Скопје денеска ќе останат без снабдување со електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на податоци од ЕВН Македонија.

Како што е наведено во известувањето, прекинот започнал во 9 часот утринава, а се очекува електричната енергија да биде повторно вклучена до 15 часот.

Без струја денеска ќе бидат жителите на Горно Нерези, во Општина Карпош и жителите на селата Глуво и Мирковци, во Општина Чучер Сандево

Од ЕВН информираат дека исклучувањата се планирани и се дел од редовно одржување и унапредување на мрежата, со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на снабдувањето со електрична енергија.

Надлежните институции апелираат граѓаните навремено да ги приспособат своите активности, а во случај на промени или продолжување на прекинот, јавноста ќе биде дополнително информирана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни