Ирскиот медиумски регулатор денеска почна истрага за социјалната мрежа Икс, поради загриженост дека не им дава можност на своите корисници да се жалат на одлуките за модерирање на содржини и оти внатрешните системи за обработка на жалби се тешко достапни.
Истрагата ќе ја процени усогласеноста на компанијата, во сопственост на Илон Маск, со делови од Законот за дигитални услуги на ЕУ, се наведува во соопштението на Ирскиот медиумски регулатор.
Регулаторот е одговорен за надгледување на платформите што работат во Ирска и нивната усогласеност со тој закон.
