Добитникот на Греми наградата Шервин Хаџипур осуден за песната која стана химна на протестите по смртта на Маша Амин

Иранскиот суд донесе одлука добитникот на наградата Греми Шервин Хаџипур да започне со издржување на затворската казна која му беше изречена за правење на виралната песна „Бараје“ која стана химна на протестите „Жени, живот, слобода“ во Иран, по смртта на Маша Амин во 2022 година.

Хаџипур на Инстаграм напиша дека неговата четиригодишна казна била потврдена од иранскиот апелационен суд, кој тврди дека песната ги поттикнува луѓето да „убиваат и да се борат“. Иако на Хаџипур веќе не му е забрането да го напушти Иран, тој изјави дека ќе се врати во затвор наместо да ја напушти земјата.

Хаџипур беше уапсен во септември 2022 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни