Ирански претседател: На исламскиот свет му се случи најголема несреќа – ќе се осветиме

Пезешкијан ја опиша смртта на врховниот лидер како „најголема несреќа на денешниот исламски свет“.
epa12786226 Mourners react following the death of Iranian Supreme Leader Ayatollah Ali Khamenei; at Enqelab Square in Tehran, Iran, 01 March 2026. According to a statement from Iranian state media issued on 01 March 2026, Khamenei was killed in an airstrike during a joint United States (US) and Israeli military campaign that began on 28 February 2026. EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение истакна дека одмаздата е „легитимно право и должност“ по убиството на врховниот лидер. Пезешкијан, чија судбина до сега беше нејасна, убиството го нарече „отворена војна против муслиманите“.

„Најголема несреќа за исламскиот свет“

„Исламската Република Иран смета дека одмаздата над извршителите и нарачателите на овој злочин е своја легитимна должност и право и ќе ја исполни оваа голема одговорност со целата своја сила“, се вели во соопштението.

Пезешкијан ја опиша смртта на врховниот лидер како „најголема несреќа на денешниот исламски свет“.

Неговото лидерство го нарече „големо и божествено водство“ засновано на „волјата, гласот и мислењето на народот“.

Исто така, истакна дека лидерот „иранската нација ја дарил со чест и достоинство“.

Непопуларност и протести

Врховниот лидер остана многу непопуларен кај голем дел од Иранците, како во земјата така и во дијаспората. Народот не можеше да го отстрани преку избори, а за време на неговото 37-годишно владеење повеќепати се организираа масовни протести.

Ова соопштение сигнализира дека Иран се подготвува за контранапади и ескалација на тензиите по убиството на врховниот лидер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни