Напад на Ирански дронови врз аеродромот во Азербејџан, има повредени

Најмалку две лица се повредени по нападот врз терминалот на меѓународниот аеродром во Азербеџан близу границата со Иран

Најмалку две лица се повредени откако ирански дронови го нападнаа патничкиот терминал на меѓународниот аеродром во Нахчиван, автономна област на Азербејџан која се наоѓа во близина на границата со Иран.

Според азербејџанските власти, три дронови биле насочени кон аеродромот. Еден од нив го погодил главниот терминал, додека друг паднал во близина на училиште во селото Шакарабад.

„Остро ги осудуваме овие напади со дронови лансирани од територијата на Исламската Република Иран, кои предизвикаа штета на зградата на аеродромот и повредија двајца цивили“, се наведува во соопштението на властите во Баку.

Снимки од местото на настанот покажуваат дрон кој се движи кон аеродромот, оштетувања на терминалот и присуство на спасувачки служби.

На друго видео се гледа силна експлозија и облак од чад по ударот на дронот.

Азербејџан побара итно објаснување од Техеран и предупреди дека ваквите напади не смеат да се повторат.

Нахчиван се наоѓа во непосредна близина на границата меѓу Азербејџан и Иран, што дополнително ги зголемува тензиите во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни