Иранска делегација ќе се сретне со челниците на ЕУ – објавена главната тема на состанокот

Главната цел на средбата, која се одржува во координација со САД, е да се убеди иранската страна да даде цврсти гаранции дека нејзината нуклеарна програма ќе се користи исклучиво за цивилни цели, додаде истиот извор.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес потврди дека утре во Женева ќе се сретне со колеги од Велика Британија, Франција и Германија, како и со шефицата на дипломатијата на ЕУ, објавија иранските државни медиуми.

Министерот изјави дека состанокот бил свикан на барање на трите европски земји – Франција, Германија и Велика Британија. „Ќе се сретнеме со европската делегација утре во Женева“, рече Арагчи, според соопштението што го пренесе иранската новинска агенција Ирна.

Целта е да се добијат гаранции за иранската нуклеарна програма

Состанокот го најави и германски дипломатски извор, кој изјавил дека европските министри прво ќе се сретнат со шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, во германската постојана мисија во Женева, по што ќе следи заеднички состанок со иранскиот министер.

Главната цел на средбата, која се одржува во координација со САД, е да се убеди иранската страна да даде цврсти гаранции дека нејзината нуклеарна програма ќе се користи исклучиво за цивилни цели, додаде истиот извор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни