Иранците во Британија предупредуваат: Војната само го зајакнува режимот во Техеран

Повеќе од 100 Иранци во Велика Британија, меѓу кои и поранешни политички затвореници, му порачаа на британскиот премиер Кир Стармер дека војната со Иран го зајакнува режимот во Техеран.

Повеќе од 100 Иранци кои живеат во Велика Британија, меѓу кои и поранешни политички затвореници, го повикаа британскиот премиер Кир Стармерr да не се вклучува подлабоко во војната со Иран.

Во писмо испратено до владата во Лондон, потписниците предупредуваат дека сегашниот начин на водење на војната само ја зајакнува власта во Tехеран, наместо да ја ослабне.

Меѓу потписниците е и Назанин Загхари – Ратклиф, британско-иранска државјанка и поранешна политичка затвореничка, која помина шест години во ирански затвор под обвинение за шпионажа.

„Никој повеќе од нас не сака крај на режимот“

Во писмото се наведува дека многумина од иранската дијаспора се против актуелната власт, но дека војната има спротивен ефект.

„Никој не сака крај на Исламската Република повеќе од нас. Но нападите врз земјата на овој начин ќе постигнат спротивен ефект – ќе ја зацврстат авторитарната власт и ќе го оживеат митот дека режимот се бори против западниот империјализам“, се наведува во писмото.

Поделби во иранската дијаспора

Овој став е спротивен на позицијата на дел од иранската дијаспора, меѓу кои е и Реза Пахлави, синот на последниот ирански шах, кој ги поддржа нападите врз Иран и се понуди да ја води демократската транзиција по падот на режимот.

Во меѓувреме, американскиот претседател Донал Трамп изјави дека би сакал нов лидер да се појави од самата земја, а не од егзил.

Убиството на врховниот лидер

Писмото доаѓа откако во првите денови од војната беше убиен иранскиот врховен лидер Али Хамение во израелски воздушен напад.

По неговата смрт, лидерската позиција ја презеде неговиот син Мојтаба ХАменеи.

Потписниците тврдат дека атентатите врз лидерите на режимот создаваат „мит за мачеништво“, што може дополнително да ја консолидира власта во земјата.

Предлози за поддршка на опозицијата

Иранците во писмото предлагаат низа ненасилни мерки за поддршка на демократските сили во земјата, меѓу кои: обезбедување интернет-пристап преку Starlink, поддршка на политичките затвореници и заштита на затворите, како што е Evin Prison, каде се наоѓаат многу опозициски активисти.

Според нив, продемократската политика треба да донесе интернет-опрема и информации во земјата, а не оружје.

Критики кон Израел и САД

Потписниците ја критикуваат и политиката на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху тврдејќи дека неговите повици Иранците да се кренат против режимот ја игнорираат сложената реалност во земјата.

„Не може да се претпостави дека 90 милиони луѓе со децении само чекале странски бомби за да се ослободат“, се наведува во писмото.

Тие додаваат дека војната не е само израелска, туку дека и САД се клучен дел од конфликтот, потсетувајќи на изјавите на американскиот државен секретар дека Вашингтон знаел дека израелската акција ќе доведе до регионален конфликт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни