Американско-израелскиот конфликт со Иран се прошири низ целиот Блиски исток, а ситуацијата се вжештува со нови закани и воени активности.
IDF тврди дека нападите врз Иран ќе траат уште најмалку три недели. Во меѓувреме има нови повредени во ирански напад врз Тел Авив. Иранскиот министер за надворешни работи тврди дека врховниот лидер е жив и ја контролира ситуацијата. Тој се закани дека следни на удари се амареиканските банки во регионот.
Американски министер за енергетика, Крис Рајт, пак изјави за ABC дека очекува конфликтот со Иран да заврши во следните неколку недели:
„Верувам дека овој конфликт ќе заврши во следните неколку недели, можеби и порано. Тогаш ќе видиме опоравување на снабдувањето со енергија и пад на цените.“
Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, порача дека Израел и САД ќе продолжат со војната додека не ги остварат своите цели:
„Сакаме долгорочно да ги отстраниме егзистенцијалните закани од Иран. Не сакаме секоја година да влегуваме во нов конфликт.“
Израелските медиуми јавуваат дека дел од иранска ракета погодил станбена зграда користена од американскиот конзулат во Израел.
Папата Лав пак го осуди „страшното насилство“ и повика на итен прекин на огнот поради илјадниците загинати невини луѓе.