Иран возврати со напад, истрела ракети кон ОАЕ и Кувајт – најмалку 12 загинати

Откако Иран возврати со воздушни напади низ Персискиот Залив, Анвар Гаргаш, советник на претседателот на Обединетите Арапски Емирати – земја сојузник на САД и значаен производител на нафта – го повика Техеран да се „вразуми“, нагласувајќи дека ова не е војна со арапските соседи на Иран во Заливот.

Според израелските служби за итна помош, осум лица загинале во ирански ракетен напад врз градот Беит Шемеш. Обединетите Арапски Емирати соопштија за тројца загинати, а Кувајт за една жртва во иранската одмазда.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека со четири балистички проектили го гаѓала американскиот носач на авиони „Линколн“, пренесуваат иранските државни медиуми.

Според Агенцијата за поморска трговија на Обединетото Кралство, еден брод бил погоден од непознат проектил на 17 наутички милји северозападно од пристаништето Мина Сакр во емиратот Рас Ал Хајма во ОАЕ.

Советник на претседателот на ОАЕ: Техеран треба да се вразуми

Големи облаци чад биле видени во областа на пристаништето Зајед во главниот град на Емиратите, Абу Даби, изјавил сведок за Ројтерс.

Откако Иран возврати со воздушни напади низ Персискиот Залив, Анвар Гаргаш, советник на претседателот на Обединетите Арапски Емирати – земја сојузник на САД и значаен производител на нафта – го повика Техеран да се „вразуми“, нагласувајќи дека ова не е војна со арапските соседи на Иран во Заливот.

Израел: Ќе продолжиме колку што е потребно

Израел денеска започна нов бран напади врз Техеран, со цел, како што наведува, да воспостави доминација во воздухот откако силите на еврејската држава го ликвидираа иранскиот врховен лидер.

Во изминатите 24 часа израелските авиони извеле напади за да го „отворaт патот кон Техеран“, а најголем дел од системите за противвоздушна одбрана во западен и централен Иран биле демонтирани.

Портпаролот на израелската војска, потполковник Надав Шошани, изјави дека и натаму имаат многу цели, меѓу кои и објекти на воената индустрија.

„Имаме капацитети и цели да продолжиме колку што е потребно“, рече тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни