Иран уапси 20 лица заради сомнежи за соработка со Израел

Иран уапси 20 лица на северозападот на земјата под сомневање дека давале информации за локации на воени и безбедносни објекти на Израел, додека Израел продолжува со нови напади.

Иранската новинска агенција Tasnim извести дека 20 лица на северозападот на Иран се уапсени под сомнеж за обид за соработка со Израел.

Според изјавата на обвинителството на провинцијата Западен Азербејџан, обвинетите се осомничени дека доставувале податоци за локациите на иранската воена и безбедносна инфраструктура на Израел.

Израел, пак, започна нова фаза на напади врз Иран, таргетирајќи безбедносни контролни точки врз основа на информации од информатори на теренот, изјави минатата недела извор запознат со израелската воена стратегија за Reuters.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни