Иран тврди дека го извршил најсилниот напад од почетокот на војната, ракети и дронови кон Израел и земјите од Заливот

Иранските сили извршија нов бран напади со ракети и дронови кон Израел, Саудиска Арабија и Кувајт. Дел од проектилите биле пресретнати, а сирени за тревога се огласиле и во Бахреин.

Иранските вооружени сили започнаа нов бран ракетни и дронски напади врз Израел и неколку земји од Персискиот Залив. Во Израел, според првичните информации, ракетите биле пресретнати или паднале во ненаселени подрачја, објави израелскиот весник Тајмс оф Израел.

Иранската новинска агенција Тасним, која е блиска до Иранската револуционерна гарда, го опиша нападот како најсилниот бран од почетокот на војната.

Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала седум балистички ракети и седум дронови во различни делови од земјата. Според соопштението на саудиското Министерство за одбрана, системите за противвоздушна одбрана успешно ги неутрализирале проектилите.

Во Кувајт, Министерството за одбрана објави дека биле пресретнати четири дронови, додека уште еден се урнал на отворен терен.

Сирени за воздушна тревога се огласиле и во Бахреин, што укажува на поширока регионална закана и дополнително зголемување на тензиите на Блискиот Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни