Иран со нови 10 услови за мир: ќе прифатат ли САД и Израел?

Иран претстави нови 10 услови за мир со САД и Израел – од укинување санкции до контрола врз Ормускиот теснец. Дали следуваат преговори или нова ескалација?

Иран излезе со нов пакет од 10 барања како основа за можни мировни преговори со САД и Израел, а според наводите на иранската агенција Tasnim News Agency, овие точки претставуваат ревидирана верзија на претходните предлози. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека листата може да биде „добра основа“ за разговори, иако не се поклопува целосно со претходните барања на Техеран.

Клучните точки вклучуваат гаранција за неагресија од страна на САД, особено во контекст на можни нови напади од Израел, како и задржување на целосна контрола врз Ормуски теснец, една од најважните енергетски рути во светот. Иран бара и меѓународно признавање на правото за збогатување ураниум, што останува една од најконтроверзните точки во односите со Западот, како и целосно укинување на примарните и секундарните санкции што со години ја ограничуваат неговата економија

Дополнително, Техеран инсистира на укинување на сите резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Меѓународната агенција за атомска енергија, како и исплата на компензација за штетите што ги претрпел во текот на конфликтите.

Во барањата е вклучено и повлекување на американските сили од регионот, како и целосен прекин на воените операции, вклучително и оние поврзани со конфликтите во Либан и активностите против Хезболах, што Израел веќе го отфрли. Во споредба со претходните верзии, новиот предлог покажува одредени отстапки, како напуштање на барањето за траен крај на војната како предуслов и помал фокус на регионалните конфликти, што според аналитичарите може да отвори простор за дипломатски маневри.

Иако разликите меѓу старите и новите барања не се драматични, нијансите се доволни за да создадат нова динамика во потенцијалните преговори, но останува неизвесно дали Израел и САД ќе покажат подготвеност за компромис.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни