Иран денес издаде остро предупредување како одговор на заканите на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека ќе го поддржи понатамошното израелско напаѓање на Иран доколку Техеран одбие нов нуклеарен договор.
„Исламската Република Иран последователно ќе одговори на секоја евентуална агресија, а агресорот ќе зажали поради тоа“, напиша иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на X.
Претходно, советникот на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи исто така предупреди дека секој напад би предизвикал силен ирански одговор. Советникот Али Шамкани истакна дека Иран не треба дозвола од други држави за своите ракетни способности или за одбрана.
За време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида, американскиот претседател Трамп рече дека ќе го поддржи понатамошното израелско нападње на Иран доколку Техеран го одбие новиот нуклеарен договор и продолжи со развојот на своите ракетни и нуклеарни програми.
Според израелските извори, Иран интензивно работи на обновување на ракетниот арсенал, кој Израел, заедно со нуклеарната програма на земјата, го смета за главна закана.
