Иран се закани дека би можел да го нападне израелското нуклеарно постројување во Димона доколку САД и ИЗраел се обидат да ја сменат власта во Tехеран, пренесува иранската новинска агенција ISNA.
Според тие информации, нуклеарниот комплекс во Димона би бил цел на напад во случај да се направи обид за уривање на иранскиот режим.
Во меѓувреме, северозападниот ирански град Букан, според извештаите, бил изложен на силно бомбардирање.
Полуофицијалната иранска новинска агенција Tasnim News Agency објави дека биле погодени зградата на локалната администрација, куќи и деловни објекти.