Иран се соочува со екстремна суша: Резервоарите за вода во Машхад и Техеран речиси исцрпени

Иран се соочува со најтешката суша во последните децении – резервоарите за вода во Машхад имаат помалку од 3% од резервите, а Техеран воведува ноќни прекини на водоснабдувањето. Експерти предупредуваат на можни евакуации.

Резервоарите за Резервоарите што го снабдуваат со питка вода вториот по големина град во Иран, Машхад, се речиси целосно пресушени и имаат помалку од три проценти од резервите, пренесоа локалните медиуми.

Иран годинава се соочува со најтешката суша во последните неколку децении. Во Техеран, количината на врнежи оваа година, според локален функционер, е „практично без преседан во последните сто години“. Од 31 иранска провинција, во 15 есента не забележала ниеден дожд, што доведе до драматично намалување на водните резерви.

Шефот на водоводната компанија на Машхад, Хосеин Есмаилијан, изјави дека резервоарите што се снабдуваат од браните околу градот сега содржат само околу 40 милиони кубни метри вода, додека минатата година оваа бројка изнесувала околу 189 милиони кубни метри.

Ситуацијата во Техеран е особено критична – од петте главни резервоари еден е целосно исцрпен, а останатите имаат само околу осум проценти од резервите. Владата воведе периодични ноќни прекини на водоснабдувањето за да ја намали потрошувачката.

Претседателот Масуд Пезешкијан предупреди дека Техеран би можел да биде евакуиран пред крајот на годината ако недостигот на дожд продолжи, иако деталите за евакуацијата не се прецизирани.

Во моментов, во Иран целосно се суви 19 поголеми вештачки езера, што претставува околу 10 проценти од вкупните водни резерви на земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни