Иран предупредува: Подгответе се за нафта од 200 долари за барел

„Подгответе се нафтата да достигне 200 долари за барел, бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте“, рече Ебрахим Золфакари, портпарол на воената команда на Иран.

Иран предупреди дека светот треба да се подготви за нафта од 200 долари за барел, откако неговите сили денеска нападнаа трговски бродови во Ормускиот Проток. Меѓународната агенција за енергија (IEA) веќе препорача масовно ослободување на стратешки резерви за да се ублажи потенцијалниот нафтен шок, еден од најсилните од 1970-тите.

Три брода беа погодени во водите на Заливот, откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека отворила оган бидејќи бродовите не ги послушале наредбите. Иранските власти јасно нагласуваат дека намерата е да наметнат продолжен економски шок додека регионалната тензија продолжува.

„Подгответе се нафтата да достигне 200 долари за барел, бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте“, рече Ебрахим Золфакари, портпарол на воената команда на Иран.

Поради нападите, цените на нафтата денеска повторно пораснаа за повеќе од 4%, по претходниот скок до речиси 120 долари за барел и намалување на околу 90 долари. Меѓународната агенција за енергија соопшти дека 32 држави се согласиле да ослободат 400 милиони барели од глобалните стратешки резерви, што е најголемата таква интервенција во историјата, со цел стабилизирање на пазарот.

Претседателот Доналд Трамп, кој го коментираше конфликтот за сајтот „Аксиос“, рече дека воената кампања „нема да трае долго“ и дека „практично ништо не останало за гаѓање во Иран“. „Кога и да посакам да заврши, ќе заврши. Засега уште не сме завршиле“, додаде тој.

Трамп исто така потенцира дека скокот на цените на нафтата е „прашање на војна“, но дека финансиските пазари треба да се вратат на вистинскиот пат за кратко време.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни