Иран погуби човек за кој се сомневало дека бил на Мосад

Според податоци објавени од Обединетите нации, минатата година во Иран биле егзекутирани речиси 1.000 луѓе

Иран денес погуби маж осуден за шпионажа за израелската разузнавачка служба, објави новинската агенција Мизнан, поврзана со правдата.

Мажот, идентификуван како Акил К., беше уапсен во мај откако фотографирал воен објект во северозападниот ирански град Орумија, објави агенцијата.

По првичната истрага, се покажа дека тој бил поддржувач на монархијата и соработувал со милитантна иранска опозициска група, како и со израелската разузнавачка агенција Мосад, се вели во соопштението.

Мизан пишува дека смртната казна била извршена во Оромија откако пресудата била потврдена од Врховниот суд.

Од нападите на Израел врз нуклеарните и другите стратешки објекти на Иран во јуни, како и целните убиства на неколку ирански генерали и нуклеарни експерти, иранското судство притвори бројни лица осомничени за шпионажа во корист на Израел.

Според непотврдени информации, повеќе од 10 лица биле егзекутирани.

Групите за човекови права долго време го критикуваат Иран за честата употреба на смртна казна, обвинувајќи ги властите дека користат егзекуции за заплашување на неистомислениците.

Според Обединетите нации, минатата година во земјата биле егзекутирани речиси 1.000 луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни