Иран погодил канцеларии на ЦИА во Дубаи – ВИДЕО

Иран таргетирал повеќе локации во Дубаи, вклучувајќи го Burj al Arab и хотелот Fairmont Palm, откако САД и Израел започнале заедничка операција против Иран

Седиштето на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) во Дубаи било цел на ирански ракетен напад, соопшти новинската агенција Fars на својот Telegram канал.

Претходно пристигнаа информации дека четири лица се повредени како последица на иранскиот напад на меѓународниот аеродром во Дубаи.

Иран таргетирал повеќе локации во Дубаи, вклучувајќи го Burj al Arab и хотелот Fairmont Palm, откако САД и Израел започнале заедничка операција против Иран. Во неделата се слушнале повеќе експлозии во Дубаи.

Одекнуваат силни експлозии

Неколку силни експлозии се слушнале во областа на Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и над катарската престолнина Доха ова утро, втор ден по ред, пренесува Reuters повикувајќи се на изјави на очевидци.

Откако САД и Израел започнале напади на Иран, Техеран извршил масовни удари како одмазда врз Израел и на цели поврзани со САД низ целиот Блиски Исток.

Четири лица се повредени во инцидентот што се случил во саботата на Меѓународниот аеродром во Дубаи, соопшти службата за медиуми на аеродромот.

Исто така, ирански дрон погодил луксузен хотел Burj al Arab во Дубаи, кој се наоѓа на вештачко острово.

Според снимките објавени на социјалните мрежи, по нападот во хотелот избувнал пожар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни