Иран погоди рафинерија во Хаифа, сирени ечеа низ Израел

Ирански ракетен напад ја оштети нафтената рафинерија во Хаифа, додека сирени се огласија низ Израел. Има жртви во серијата напади, но нема повредени во рафинеријата.


Нафтена рафинерија во Хаифа беше оштетена денес попладне од шрапнели по неколку последователни ирански ракетни напади, поради кои се огласија сирени низ Израел. Во серијата напади што започнаа во средата загинаа повеќе лица, меѓу кои двајца израелски цивили, три Палестинки и еден странски работник, пишува „Џерусалем пост“.

Екипи на итната помош Маген Давид Адом беа испратени во рафинеријата, но нема пријави за повредени. Претходно во текот на денот полицијата и медицинските служби истражуваа неколку локации во централниот дел на Израел каде паднале шрапнели, исто така без повредени.

На северот на Израел, во четвртокот рано наутро, пред 6 часот, сирените се огласија трипати во рок од еден час поради напади што ги изведоа Иран и Хезболах од Либан. Итните служби соопштија дека во тие напади немало повредени ниту поголема материјална штета.

Повеќе жртви во нападите во средата

Во средата навечер странски работник во дваесеттите години загина во израелскиот регион Шарон, откако шрапнел од ирански проектил го погодил во главата, соопшти Маген Давид Адом. Во истиот бран напади шрапнели оштетиле и станбена зграда во Тел Авив, но без повредени.

Нешто порано, според Палестинскиот Црвен полумесец, три Палестинки загинале во ирански ракетен напад во близина на Хеброн на Западниот Брег. Палестинските медиуми јавија дека уште 13 лица се повредени, од кои едно потешко.

Израелската војска соопшти дека се претпоставува дека ударот бил предизвикан од касетна муниција – бојева глава што се распаѓа на повеќе мали бомби кои се расфрлаат на поширока област. Шрапнели паднале и на други локации во централниот дел на Израел и оштетиле едно возило.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни