Иран поднесе тужба до Меѓународниот суд на правдата во Хаг против Шведска, Украина, Канада и Велика Британија, јавува Sweden Herald.
Тужбата на Иран е поднесена како одговор на тужбата што овие земји ја поднесоа против Техеран минатата есен, поради уривањето на украинскиот цивилен авион во 2020 година, при што загинаа 176 лица, меѓу кои и 17 државјани на Шведска.
Украинскиот авион „Боинг 737“ беше урнат во 2020 година, кратко по полетувањето од аеродромот во Техеран.