Иран објави пропагандна снимка за која тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда исполнети со дронови и друго оружје наменето за напади врз американски бази во регионот. Видеото првично го објавила иранската државна новинска агенција Фарс.
На снимката се гледаат долги редици беспилотни летала наредени во тунелите, при што некои од нив веќе се поставени на лансирни рампи. Ѕидовите на подземниот комплекс се украсени со ирански знамиња и портрети на врховниот водач, Али Хамнеи.
Видеото содржи и сцени од лансирање ракети и дронови од повеќе локации, а како мети се прикажани цели кои агенцијата ги опишува како „американски бази“.
Сè уште не е познато кога и каде точно е направена снимката. Исто така, не е јасно дали прикажува оружје што Иран го користел во својот одговор на неодамнешните напади.