Иран нападна италијанска база во Кувајт, уништен “незаменлив” дрон

Sky News јави, повикувајќи се на неименувани извори, дека погодениот дрон бил “незаменливо средство за извршување на оперативни активности”, според изворите.

Утрово со дрон беше нападната базата Али Ал Салем во Кувајт, каде се сместени припадници на американската и италијанската војска.

Дронот погодил складиште и го уништил беспилотното летало на италијанските воздухопловни сили. Од Главниот штаб на италијанската одбрана соопштија дека во нападот никој не е повреден и дека целото персонал е на безбедно.

Коментар на италијанската влада

Потпретседателот на италијанската влада и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, коментираше за нападот на телевизија Рете4. Тој истакна дека нема никаков ризик за италијанските војници и дека Кувајт е иранска воена цел поради присуството на американски бази. Тајани додаде дека Италија нема да се остави заплашена и ќе се придржува до своите меѓународни обврски.

Sky News јави, повикувајќи се на неименувани извори, дека погодениот дрон бил “незаменливо средство за извршување на оперативни активности”, според изворите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни