Исламска револуционерна гарда испрати остра порака до Доналд Трамп, најавувајќи дека секој напад врз иранскиот електроенергетски сектор ќе биде возвратен со иста мера.
Во соопштението објавено преку државните медиуми, Техеран предупреди дека би можел да таргетира електрани во Израел и објекти што снабдуваат со струја американски воени бази во регионот
„Ако вие удирате по струјата, ние ќе удираме по струјата“, се наведува во пораката.
Ескалација по заканите од Вашингтон
Оваа изјава доаѓа како директен одговор на предупредувањето од Доналд Трамп, кој најави дека иранските електрани би можеле да станат цел доколку Иран не го отвори целосно Ормуски теснец за поморски сообраќај.
Повлекување на заканите за водоснабдување
Во истото соопштение, Револуционерната гарда делумно се дистанцираше од претходните закани кон постројките за десалинизација на вода – клучни за снабдување со питка вода во земјите од Персискиот Залив.
Ризик од поширок конфликт
Новата реторика укажува на опасна ескалација, при што енергетската инфраструктура станува клучна мета. Аналитичарите предупредуваат дека ваквиот развој може да има сериозни последици не само за регионот, туку и за глобалната енергетска стабилност.