Иран лансираше околу 100 дронови кон Израел

Сите системи за воздушна одбрана биле активирани за да се пресретнат заканите што доаѓаат од Иран
Фото: Хелсинг

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, изјави дека Иран лансирал околу 100 дронови кон Израел во последните неколку часа, откако Техеран најави одмазда за израелските напади, пренесува Ал Џазеира

Дефрин изјави дека сите системи за воздушна одбрана биле активирани за да се пресретнат заканите што доаѓаат од Иран.

„Ова е поинаков настан од сè што сме доживеале досега и ќе имаме тешки часови. Мораме да покажеме отпорност и трпение“, рече Дефрин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни