Иран денеска ги обвини европските земји, меѓу кои и Франција, дека помогнале да се создадат услови за американско-израелските напади кои доведоа до војната со Исламската Република.
„За жал, европските земји помогнаа во создавањето на тие услови“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багеи на редовната неделна прес-конференција.
Според него, наместо да инсистираат на почитување на меѓународното право и да се спротивстават на притисокот од Соединетите Американски Држави, дел од европските земји го поддржале Вашингтон за време на расправата во Советот за безбедност на Обединетите нации околу повторното воведување санкции.
Багеи додаде дека токму таквата поддршка, според Техеран, ја охрабрила „американската и ционистичката страна“ да продолжат со, како што рече, своите напади.