Израелската војска соопшти дека два бранови ракети биле истрелани од Иран кон Израел, само неколку часа по ноќниот напад на САД врз клучни центри на иранската нуклеарна програма.
Воздушна тревога во Ерусалим и Тел Авив
Сирените за воздушна опасност се огласија во Ерусалим и Тел Авив, а новинари од AFP и BBC јавуваат за силни експлозии и детонации над градовите – резултат на активирањето на израелскиот систем за противвоздушна одбрана.
„Армијата идентификуваше проектили истрелани од Иран кон територијата на Државата Израел. Активирани се одбранбени системи за пресретнување на заканата,“ соопшти израелските одбранбени сили (IDF) околу 6:30 часот по средноевропско време.
Втор ракетен бран и повредени најмалку 11 лица
Околу половина час подоцна следеше и втор бран ракети, пред алармот да биде укинат околу 7:10. Израелската војска повика граѓаните да се засолнат во заштитени простории до следно известување.
Според податоци од израелските итни служби, во нападите се повредени најмалку 11 лица.
Иран: „Го задржуваме правото на самоодбрана“
Оваа ескалација следи по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД извеле „исклучително успешни“ напади врз трите ирански нуклеарни постројки – Фордо, Натанс и Есфахан.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи остро реагираше, велејќи дека Иран го задржува правото на сите облици самоодбрана и предупреди дека „беспрецедентните“ американски напади ќе имаат „долготрајни последици“.